Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Драстичен пад на поддршката на Бајден по победата на Талибанците покажуваат најновите извештаи

Драстичен пад на поддршката на Бајден по победата на Талибанците покажуваат најновите извештаи
300x250 opst2

Поддршката за американскиот претседател Џо Бајден падна за седум процентни поени, и е на најниско ниво од кога Талибанците ја освоија авганистанската престолнина, покажуваат најнови анкети.

Според последните информации, Бајден го поддржуваат 46 проценти од Американците, што е најниско неделно ниво од неговото преземање на функцијата во јануари.

Популарноста на американскиот претседател значително опадна откако Талибанците влегоа во авганистанскиот главен град од каде владата побегна, по две децении американска воена операција која чинеше милијарди долари и однесе илјадници американски животи, пренесуваат американските медиуми.

Податоците покажале дека помалку од половината од Американците го поддржуваат воениот и дипломатскиот пристап на Бајден во Авганистан.

Американскиот претседател, кој минатиот месец ги пофали авганистанските сили како „најдобро опремени во светот“, во моментов има најмала поддршка споредено со тројцата американски претседатели кои владееја за време на таа најдолга војна во САД.

Белата куќа во вторникот соопшти дека Бајден разговарал со британскиот премиер Борис Џонсон со кого договорил состанок на Г7 следната недела за да разговараат за заедничката стратегија за Авганистан.

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори