Утрински Весник
Македонија

Драмскиот театар го прекинува репертоарот до 6 март

Драмскиот театар го прекинува репертоарот до 6 март

Скопје, 2 март 2020 (МИА) – Националната установа Драмски театар – Скопје денеска соопшти дека согласно препораката на Владата за превенција од ширење на коронавирусот, го прекинува својот репертоар до 6 март годинава.

Согласно ова, како што се наведува во соопштението, откажана е претставата „Луди за љубов“, што требаше да се одигра утре на сцената на овој театар.

Билетите доделени како гратиси, добитниците може да ги заменат за друга претстава на билетарницата на Драмскиот театар – Скопје, се додава во соопштението.

Владата во петокот издаде препораката за откажување на поголемите јавни собири, спортски настани и забавни и културно-уметнички манифестации до 6 март, нагласувајќи дека апелот важи за сите, особено за оние каде се очекува присуство на голем број граѓани и каде има или се очекуваат можни присутни гости од странство.

По препораката на Владата беа откажани Струмичкиот карневал и Карневалот „Прочка“ во Прилеп, а спортските настани во текот на викендов се одржуваа без присуство на публика. сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ признава дека за седум години власт државата ја остави без соодветна опрема за справување со пожарите

Реакција од Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ на прес конференцијата на „Антикоцкање“

Зголемена фреквенцијата на возила на граничните премини Табановце и Пелинце