Утрински Весник
Македонија

Драма пред скопски ресторан – крадец се тепал со луѓе кои го спречиле да побегне со мотор

Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – разбојничка кражба, донесе денеска јавен обвинител од скопското Основно јавно обвинителство.

Осомничениот 36-годишник, на 29 јули, бил затечен при кражба во угостителски објект на улицата „Славе Георгиевски – Шнајдер“, при што употребил сила и нападнал двајца оштетени – татко и ќерка.

Тој преку прозорецот влегол во угостителскиот објект и одзел три телевизори во вкупна вредност од 100.000 денари. Но, притоа бил затекнат од оштетениот и неговата ќерка, кои се обиделе да повикаат полиција.

Во тој момент, осомничениот ја удрил оштетената со тупаница во пределот на главата, ја турнал и се обидел да го удри нејзиниот татко, кој го одбил ударот со рака. Пријавениот се обидел да избега од местото на настанот со својот мотор со приколка, но оштетениот и еден случаен минувач успеале да го задржат.

За тоа време, оштетената настанот го пријавила во блиската полициска станица, по што полицајци го уапслиле 36-годишниот разбојник.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство и можност да го повтори делото.​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег