Утрински Весник
Спорт

Драма во петтиот меч – Батлер спречи триумф на Лејкерси

Драма во петтиот меч – Батлер спречи триумф на Лејкерси

Мајами Хит го преживеаја петтиот меч од финалната серија во НБА лигта. Предводени од Џими Батлер, Хит ги совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 111:108.

Видовме неверојатна борба помеѓу Џими Батлер и Леброн Џејмс, а на крајот во неизвесна завршница Мајами ја однесоа победата. Во последните секунди Лејкерси промашија две тројки, најпрвин Дени Грон на 2,2 секунди до крајот при резултат 109:108, а откако Батлер ги погоди слободните фрлања Леброн од пола терен не успеа да пооди за да го однесе мечот во прволженија.

Брилијантен натпревар одигра Џими Батлер кој го забележа вториот трипл-дабл во оваа серија. Батлер мечот го заврши со 35 поени, 12 скока, 11 асистенции, 5 украдени топки и една блокада.

Голема помош доби од Данкан Робинсон (26 поени, 7/13 за три поени), Кендрик Нан (14 поени), Бем Адебајо (13 поени),Тајлер Хиро (12 поени).

На спротивната страна покрај двоецот Леброн Џејмс-Ентони Дејвис двоцифрен број на поени постигна уште само Кентавијус Колдвел-Поуп (16 поени). Леброн забележа 40 поени, 13 скока, 7 асистенции, 3 украдени топки, а Дјевис имаше 28 поени, 12 скока и по 3 асистенции, блокади и украдени топки.

> Драма во петтиот меч – Батлер спречи триумф на Лејкерси <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина