Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Драма во микс штафетата – Норвешка го освои златниот медал

Драма во микс штафетата – Норвешка го освои златниот медал
300x250 opst2

Норвешка го освои вториот златен медал на Зимските олимписки игри во Пекинг. По Тереза Јохауг, злато за Норвашка освои микс штафетата во бијатлон 4×6 километри.

По исклучително тешки временски услови, трката беше решена во последната четврта измена, во која Русија влезе со 15 секунди предност пред Норвешка и Франција. На крајот Латипов не успеа да ја задржи предноста.

Еднаш промаши на стрелиштето и му овозможи на Јоханес Тигнес да и донесе злато на Норвешка. Русија на крајот остана и без среброто кое и припадна на Франција.

Покрај Тигнес во победничката штафета настапија Марте Ројселанд, Тирил Екоф и Тајрил Бо.

> Драма во микс штафетата – Норвешка го освои златниот медал <

Можете да прочитате

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер