Утрински Весник
Свет

Драматично во САД: седми ден по ред со над 60.000 заболени, во болниците нема веќе место

Драматично во САД: седми ден по ред со над 60.000 заболени, во болниците нема веќе место

Седми ден по ред, повеќе од 60.000 луѓе заразени со коронавирус се регистрирани во САД за 24 часа. Според податоците кои ги соопшти универзитеет Џон Хопкинс, во последните 24 часа се заразени 61.288 лица, а од почетокто на епидемијата 3,82 милиони. Починале 448 лица, а 140.922 од почетокот на инфекцијата.

САД, кои се најпогодени од коронавирусот во светот, веќе седум дена по ред имаат повеќе од 60.000 заразени секој ден, а минатиот петок беа регистрирани 77.638 заразени лица.Епидемијата е особено проширена на југот и западниот дел на САД. Државите Калифорнија и Флорида се најмногу погодени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пакистански воздушни напади врз Кабул и други авганистански провинции

Заврши испитувањето на Хилари Клинтон во истрагата на Претставничкиот дом на САД за Епстин

Вајц: Македонија да го искористи позитивниот момент за проширување на ЕУ