Утрински Весник
Свет

Драматични снимки од поплавите во Кина: Силен порој повлече жена која преживеа само поради упорноста на спасувачите

Драматични снимки од поплавите во Кина: Силен порој повлече жена која преживеа само поради упорноста на спасувачите
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ужасни поплави предизвикаа хаос во централна Кина од каде продолжуваат да пристигнуваат драматични снимки.

Провинцијата Хенан e најтешко погодена од обилните дождови и поплави, а особено е драматично во главниот град Џенгџоу, кој, според тврдењата на метеоролозите, е погоден од најсилни дождови во последните илјада години. Според најновите податоци, најмалку 25 лица загинале во оваа кинеска провинција.

Сепак, дури и во ваква катаклизма многу граѓани го покажале својот херојски карактер.

Така, група луѓе успеале да спасат една жена од сигурна смрт.

Имено, жената била повлечена од силен порој, кој ја носел додека едвај се борела да ја задржи главата над вода. Таа некако успеала да го фати јажето фрлено кон неа од нејзините спасувачи, кој во ниеден момент не се поколебале дека нема да успеат да ја извлечат.

Како што се гледа на видеото обојавено на социјалните мрежи, со заеднички напори тие ја извлекоа давеничката на сигурно и ја спасија од речиси сигурна смрт.

Можете да прочитате

СБ на ОН ќе се состане утре поради израелското признавање на Сомалиленд

Сојузниците на Зеленски му дадоа силна поддршка пред разговорите со Трамп во Флорида

Бурата Јоханес ја погоди Шведска