Утрински Весник
Спорт

Драговиќ се договорил со Црвена звезда

Драговиќ се договорил со Црвена звезда

Александар Драговиќ од наредната сезона ќе го носи дресот на Црвена звезда. Српските медиуми објавија дека австрискиот репрезентативец, изминатите денови бил во Белград, каде ги договорил условите.

Драговиќ, во Црвена звезда, ќе пристигне као слободен играч, бидејќи по завршувањето на сезоната му завршува договорот со Баер Леверкузен.

30-годишниот фудбалер, има српско потекло и како што многу пати истакнувал, голем е навивач на Црвена звезда. Поради желбата да го облече црвено=белиот дрес, тој ги одбил сите понуди на Баер да го продолжи договорот.

Драговиќ ќе биде едно од најголемите засилувања во поновата историја на најтрофејниот српски клуб.

Во кариерата бил играч на Австрија Виена, Базел, Динамо Киев и Лестер. За Австрија има одиграно 88 натпревари.

> Драговиќ се договорил со Црвена звезда <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина