Утрински Весник
Македонија

Драгана Велковска носител, нејзиниот сопруг четврти на независна листа за Советот на Скопје

Драгана Велковска носител, нејзиниот сопруг четврти на независна листа за Советот на Скопје

Драгана Велковска, носителката на листа за членови во Советот на Скопје на Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ не гледа елементи на непотизам во тоа што на истата листа, за советник е предложен и нејзиниот сопруг Марјан Калевски. Тој е на четврто место од вкупно 45 предложени кандидати.

„ Па зар треба да се разделам од некого за да бидам на листа?! Ние долги години сме заедно во сите иницијативи. Тој е основач на Е.Д.Е.Н., на Охрид СОС, на ’Зелен хуман град’ и е докажан активист. Зошто би имало сомневање за непотизам кога листата беше гласана од сите членови, нема непотизам тука. Одлуките ги носиме по хоризонтала, сите гласаат, имаме посебен куќен ред по кој се носат одлуките“, рече Велковска и укажа дека предложената листа не треба да се разбере како сервирање непотизам пред гласачите уште на старт на изборите, како што многумина замеруваат.

Наспроти нејзиното тврдење, активисти укажуваат дека кандидатите кои биле гласани, на стараницата на „„Зелен хуман град“, на фотографиите, се означени со „Од Мој кандидат“, додека тие што не се гласани немаат таква ознака на фотографиите. Кај Велковска и Калевски, односно првите на листата, како и кај уште неколкумина, нема таква ознака, што значи дека за нив немало гласање туку само биле поставени.

Велковска е актуелна советничка во Советот на Скопје каде што влезе како член на „Левица“ на изборите во 2017 година, но втор мандат во Советот од скопјани ќе бара преку независната листа на „Зелен хуман град“. Таа е единствениот член на „Левица“ кој влезе во Советот на Скопје, а изминативе четири години поднесе неколку иницијативи заштита на животната средина и за заштита на животните до Советот.

На нејзиниот профил на „Мој град“ објаснила дека се кандидира преку „Зелен хуман град“ оти е еден од основачите кои сметаат дека хоризонталното самоорганизирање во локалните заедници е највисокиот степен на политичка свест, но за да биде успешно, потребна е зрелост кај членовите на таа заедница, а основачите на „Зелен хуман град“ ја имале таа зрелост со начинот на носење одлуки – без навреди, без насилничко однесување туку на база на аргументи и научно базирани докази во цивилизирана дебата во која се почитува и достоинствено се третира соговорникот.

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски