Утрински Весник
Македонија

ДПА ја напушти лидерската средба, одлуките однапред донесени, албанскиот блок декор

ДПА ја напушти лидерската средба, одлуките однапред донесени, албанскиот блок декор

Скопје, 17 март 2020 (МИА) – Демократската партија Албанците ја напушти лидерската средба што ја свика претседателот Стево Пендаровски, во вила Водно.

Во изјава за медиумите Орхан Ибраими од ДПА рече дека тоа го направиле бидејќи одлуките биле однапред донесени од двете политички партии од македонсиот блок.

-Денеска сме присутни на овој состанок поради новата сериозна состојба со вирусот и предлагаме што побрзо да се воведе вонредна состојба. Го напуштивме состанокот затоа што мислиме дека како албански политички партии сме декор во овие институции и во оваа земја, затоа што одлуките однапред се донесени од двете македонски политички партии, изјави Ибраими.

Тема на лидерската средба е одложување на парламентарните избори.

На средбата присуствуваат лидерите на СДСМ, Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, на Алтернатива Африм Гаши и на Движењето БЕСА, Билал Касами. Во име на ДУИ на состанокот присуствуваат Бујар Османи и Изет Меџити.

На средбата се присутни и претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Владата Оливер Спасовски.скс/ац/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер