Утрински Весник
Македонија

ДПА смета дека нема развој на тетовскиот Медицински факултет

ДПА смета дека нема развој на тетовскиот Медицински факултет

Тетово, 20 февруари 2020 (МИА) -Здравствената комисија на Демократската партија на Албанците (ДПА) на денешната прес конференција ја критикуваше функционалноста на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Тетово. Од ДПА велат дека пред 12 години тие го востановиле факултетот кој сега нема развој.

-Напротив имаме непотизам, вработување партиски експоненти, предавачи без научи звања. Студентите по стоматологија практичниот дел го извршуваат во приватните ординации на нивните предавачи. Во последните 12 години не се отворија медицински научни институти. Треба да има за анатомија, хистологија, патологија, микробиологија, патофизиологија и друго. Постоечките институте не добиле средства од државниот буџет ни годинава, истакна д-р Арбен Демири, претседател на партиската Комисија за здравство.

Од ДПА ветуваат интеграција на институтите и создавање универзитетски клинички центар и унапредување на здравствените политики каде што живеат Албанците.  – ДПА ветува поддршка за едукација, специјализација и субспецијализација на албанскиот медицински персонал во соодветни регионални и европски центри. Како резултат на тоа ќе се унапредат кадровските и професионални потенцијали на Факултетот по медицински науки, истакна Демири.ас/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Од шумскиот пат кон езерото, се води жестока битка за да се спречи ширењето на пожарот кај Јасен

Краткотраен топол бран од Африка ни носи засилен ветер и прашина од Сахара!

Мирјана Најчевска јавно му се извини Петар Богојески – „Тој не е глуп, туку опасен човек за демократското општество“