Тетово, 6 април 2020 (МИА) – Демократската партија на Албанците (ДПА), на прес-конференција денеска предложи Министерството за здравство да ја земе предвид Болницата за белодробни заболувања во Лешок како место за хоспитализација на сите заболени од коронавирус од регионот наместо во зградите на Клиничката болница во Тетово. Луан Треси од Комисијата за здравство образложи дека со тоа клиничката болница нормално ќе продолжи да функционира.
-Ако сите се заболени бидат сместени во зградите на хируршкиот и интерниот оддел не ќе можат да функционирата другите оддели како урологија, гинекологија и педијатрија. Наместо таму предлагаме Министерството за здравство да ја користи Болницата за белодробни заболувања во Лешок. Оваа болница има простор, рентген, лабораторија и со тоа може Клиничка болница непречено да работи, истакна Луан Треси.
Свој предлог на прес-конференцијата искажа и претседателот на партијата Мендух Тачи.
-Лекари во приватен сектор, стоматолози и други Владата да ги вработи во здравствените институции. Ако нема буџет, преку нашиот министер во Владата ќе бараме да се искористат средствата наменети за партиските вработувања, рече Тачи.
Тој рече дека како лекар советува граѓаните да останат дома согласно препораките и само еден член еднаш на неколку дена да излегува за купување.
-Бројките зборат вака. Ако не се изолираме вирусот оди 1 со 2,5, еден пациент инфецира 2,5 други луѓе. Ако во Тетово имаме 30, стануваат 75. Потоа 190 може и повеќе и гледаме дека имаме голем проблем. Ако ги почитуваме препораките ако сме дисциплиани може да биде 1со 1. Од 30 да станат 60 и даваме можност, здравствените институции, полесно да се борат со вирусот, истакна Тачи. aс/оџ/