Утрински Весник
Македонија

ДПА: Да се преземат нови мерки поради аларманата состојба во Куманово

ДПА: Да се преземат нови мерки поради аларманата состојба во Куманово

Тетово, 17 април 2020 (МИА) – Од Демократската партија на Албанците на денешната прес-конференција побараа да се преземат нови конкретни мерки поради алармантната состојба во Куманово.

Бараме ДУИ да се разбуди, особено координаторот Бујар Османи, заменик министерот за здравство, директорите на болниците да преземат конкретни мерки во здравствените установи и во болницата во Куманово да обезбедат заштита и опрема, со што ќе се заштити животот и здравјето на медицинскиот персонал и граѓаните на Куманово, рече Луан Треси, член на партиското раководство.

Тој рече дека состојбата е резултат  на тоа што релевантните институции останле глуви на нивните  реакции и предлози уште од почетокот на оваа криза.

Тешката состојба во Куманово и околината зборува многу за непрофесионалниот и несериозен пристап на државните институции во овој град. Изјавите на ДПА дека болниците во населените места каде живеат Албанци немаат основни услови во војната со оваа епидемија биле целосно потврдени. Инфекцијата на голем број медицински персонал во кумановската болница укажува на непреземање соодветни мерки во оваа болница во одбрана на здравствениот персонал. Така се загрозуваат и жителите од оваа област, рече Треси.ас/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија

Нема да се гради асфалтна база во Визбегово, вели Меџити

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош