Тетово, 28 март 2020 (МИА)– Претставници на Комисијата за спорт и култура при Демократската партија на Албанците побараа од министерот за образование објаснување како ќе се одвиваат процесите во овој сектор. Валбона Тоска, претседателка на комисијата, истакна дека приоритет на ДПА е да се разјаснат многу работи во образованието.
-Министерот за образование да објасни што ќе биде со платите во овој сектор, дали платите ќе се изедначат со минималната плата, дали се мисли на дигнитетот на наставниот кадар, училите и професорите, што мисли дали некој од сите нив се подготвиле за оваа ситуација, праша Тоска.
Според неа, особено е важно да се одлучи што ќе се прави со матурантите.
-Како мислат матурантите да полагаат матура, кога не знаеме кога ќе заврши епидемијата, дали во мај или во јуни, тој период е кога се прават најголемите подготовки, а учениците не се на училиште и ќе им недостасува голем дел од материјалот, рече Тоска.
Таа ја потенцираше улогата на ДУИ како виновни за состојбите околу справување со коронавирусот.
-ДУИ е на власт 14 години и како дозволи да има само еден респиратор на 300 илјади жители, да има недостиг на кадар од епидемиолози и инфектолози кога го имаме Државниот Универзитет во Тетово, тоа е резултат на нивната негрижа, истакна Валбона Тоска.