Утрински Весник
Свет

До 2027 „Хуавеј“ мора да ја отстрани целата опрема за 5Г мрежа во Велика Британија

До 2027 „Хуавеј“ мора да ја отстрани целата опрема за 5Г мрежа во Велика Британија

Британската влада им забрани на британските телекомуникациски оператори да купуваат антени и опрема за 5Г мрежа произведена од кинеската компанија „Хуавеј“, пренесе „Би-би-си“.

Одлуката важи од 31 декември натаму, а покрај тоа, операторите мора да ја отстранат целата опрема на оваа кинеска компанија од нивните мрежи до 2027 година.

Секретарот за дигитални работи, Оливер Дауден, денеска ја објави одлуката во британскиот парламент.

Минатата година САД воведоа санкции кон „Хуавеј“, тврдејќи дека компанијата претставува закана за националната безбедност, што пак кинеската компанија децидно го негира.

Дауден рече дека одлуката ќе го забави воведувањето на 5Г мрежата за околу една година.

„Оваа одлука не беше лесна, но е соодветна за нашите мрежи и за националната безбедност и економијата, сега, но исто така и на долг рок“, нагласи тој.

Со ова, британската влада на крајот сепак одлучу да се дистанцира од „Хуавеј“ како производител на мрежната опрема за 5Г во таа земја.

Дауден исто така објасни дека крајниот рок за отстранување е поставен до 2027 година затоа што земјата не сака да се потпира само на „Нокија“ како единствен производител на опрема.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

На сила стапи договорот за прекин на огнот во Либан

Еден ден по несреќата во Црвеното Море пронајдени се пет преживеани

НАТО: Поддршката за Украина продолжува