Утрински Весник
Македонија

До 20 пати поголеми казни за загадување на животната средина

До 20 пати поголеми казни за загадување на животната средина

На предлог на Министерството за правда, Владата донесе одлука за зголемување на казните за загадување на животната средина до 20 пати.

„Со предлог-законското решение за измените во Законот за прекршоци се регулира зголемување на глобите (до 20 пати поголема од сега регулираната казна), од областа на животната средина соодветно на причинетата штета предвидени со материјалните закони“, соопшти Владата.

Измените ги регулираат прекршоците кои се однесуваат на непочитување на пропишаните стандарди од областа на животната средина, а кои се однесуваат на загадувањето на човечката средина предизвикана од човечките активности.

„Усогласувањето на прописите од областа на животната средина со постојниот Закон за прекршоци ќе доведе до намалување на постојните прекршочни санкции, а поради потребата од регулирање на потребни стандарди со прописите од областа на животната средина, се избегнува намалувањето на висината на прекршоците од причини што е потребно заострување на казнената политика во областа на животната средина“, велат од Владата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

До 18 часот вкупно 29 пожари на отворен простор, од нив 14 активни

Мицкоски: Пустец е доказ дека припадноста не се брише, дека коренот останува, дури и кога над него дуваат силни ветрови

Сѐ уште активен пожарот во Нерав, и АРМ ќе се вклучи во гасењето