Утрински Весник
Македонија

До 1 септември ограничен сообраќај за товарни возила на два патни правци

До 1 септември ограничен сообраќај за товарни возила на два патни правци

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните, сопственици и возачи на товарни возила дека од 1 јули до 1 септември 2021 во сила се измените на режимот кој се однесува на сите видови товарни возила.

Според овие измени, на магистралниот пат Гостивар-Кичево забрането е движење на товарни возила во петоците од 15 до 22 часот, во саботите од 7 до 12 и од 18 до 24 часот и во неделите од 7 до 22 часот.

Ова се однесува и на регионалниот пат Дебар-Маврови Анови-Гостивар.

Од МВР информираат дека на овие патишта веќе е поставена соодветна вертикална сигнализација која го регулира изменетиот режим и со која се ограничува движењето на овој вид возила.

Од таму појаснуваат и дека изменениот режим не ги опфаќа товарните возила кои превезуваат нафта и нафтени деривати, житни култури, лесно расипливи производи, жив добиток и хортикултурни производи.

Можете да прочитате

Британска вечер на „Охридско лето“ со маестро Џек Либек на виолина во пијано придружба на Катја Апикшева

Во Прилеп почнуваат чествувањата за Карпалак

Спречени обиди за криумчарење злато, лекови и суплементи – против три лица поднесени кривични пријави