Утрински Весник
Македонија

До јуни ќе се објави тендерот за довршување на првата фаза од експресниот пат Градско – Прилеп

До јуни ќе се објави тендерот за довршување на првата фаза од експресниот пат Градско – Прилеп
Dik 300x250 mk

Јавното претпријатие за државни патишта планира до крајот на мај или почетокот на јуни да го објави тендерот за довршување на изградбата на првата фаза од експресниот пат Градско – Прилеп. Градежните работи за изведба на делницата меѓу Фаришката и Дреновската клисура запреа минатото лето, а беше раскинат и договорот со претходниот изведувач „Конструксионес Рубау С.А.“.

Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, денес посочи дека идниот изведувач ќе треба да ги заврши преостанатите 70 отсто од експресниот пат меѓу Фариш и Дреново, со должина од 10 километри. Тендерската документација за избор на нов изведувач беше изработена со експерти од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

– Она што е особено важно за регионот е дека континуирано се работи на изградбата на експресниот пат Градско-Дреново – изјави Китанов, осврнувајќи се на втората фаза од експресниот пат Градско-Прилеп што почна да се гради летото 2018 година.

Целиот експресен пат треба да биде ставен во функција до крајот на 2022 година. Во меѓувреме, на терен се работи на рехабилитација на постојниот пат од Фариш до Дреново, а до крајот на месецов ќе се распише тендер за реконструкција на делот од Фариш до Прилеп во должина од 19 километри и со вредност од околу 5,6 милиони евра.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Ужас во Петровец: Жена нападната од сопругот, кој ја тепал и се обидел да ја врзе со каиш

Мицкоски: В недела сите масовно да излеземе на гласање, затоа што додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина

Цветаноски: Демократијата повторно оживеа преку лидерството на Венко Филипче!