Утрински Весник
Македонија

До три месеци затвор за дебарчанец кој шетал додека бил заразен со корона

Дебарското обвинителство побара од надлежниот суд на 19-годишник да му изрече условна осуда со утврдена казна затвор до три месеци, поради сомнение дека сторил кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Обвинетиот на 19 јули годинава бил затекнат надвор од својот дом, иако за него било донесено решение со кое му било определен здравствен надзор и задолжителна самоизолација поради тоа што бил позитивен на коронавирус.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Николоски: Ги отворивме можностите за зголемување на партнерството меѓу Македонија и Светска банка во поддршка на клучни развојни проекти во земјата

Сообраќајна незгода на булевар Јордан Мијалков

Мицкоски на средба со претставници на големите маркети