Утрински Весник
Македонија

До смрт претепан 48-годишен маж од Кичево

До смрт претепан 48-годишен маж од Кичево

Вчера полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода А.Ѓ.(29) и Д.Ѓ.(67) од с.Десово, општина Долнени.

Тие се сомничат дека на 19.03.2022 во с.Десово физички го нападнале Р.Л.(48) од Кичево и му нанеле тешки телесни повреди од кои подоцна починал.

Р.Л. бил пронајден починат на 20.03.2022 во куќа во селото во која привремено живеел.

Смрт со повреди на главата и телото констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп, а увид извршиле увидна екипа на ОВР Прилеп и Јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот, како што соопштија од МВР, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можете да прочитате

Мицкоски: Форумот во Будимпешта носи нови партнерства, Македонија меѓу водечките во Европа по инвестиции

За првпат потпишан поединечен Колективен договор за вработените во Јавното обвинителство

Тетовец му го позајмил „бмв“на познаник, па наместо кај механичар завршило на отпад