Утрински Весник
Македонија

До сабота ќе се задржи стабилно и топло време

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ=8

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени.

До сабота ќе се задржи стабилно и топло време со пораст на дневните температури. За време на викендот во попладневните и вечерните часови ќе има развој на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во недела ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика пад на температурата од 2 до 4 степени.

Можете да прочитате

FAME’S со февруарска концертна серија што ги спојува класиката и џезот

ССМ најави масовен протест на 28 јануари

Прекини на електрична енергија утре во дел од Тетово