Утрински Весник
Македонија

До сабота стабилно и релативно топло време, од недела дожд во попладневните часови

До сабота стабилно и релативно топло време, од недела дожд во попладневните часови

Скопје, 19 март 2020 (МИА) –  Од Управата за хидрометеоролошки работи соопштија дека времето денеска во претпладневните часови ќе биде сончево. Попладне ќе има мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен вдолж Поварадрието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени.

– До сабота ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Во недела ќе настапи наоблачување, попладне со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни. Кон крајот на денот ќе почне да дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови значително заладување, па од понеделник покрај на планините врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места, најавија од УХМР. см/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ковачевски: Падот на БДП и инфлацијата ќе изнуди предвремен ребаланс на буџетот!

Ковачевски за 4ТВ: Мерките на Владата се задоцнети и недоволни, потребен е итен план!

Даде ли СДСМ согласност за Ковачевски да гостува на емисија? – „Им пишав, ама не ми вратија“, низ смеа вели екс премиерот!