Утрински Весник
Македонија

До ДИК поднесени 13 приговори за изборните резултати

До ДИК поднесени 13 приговори за изборните резултати

До Државната изборна комисија се поднесени 13 приговори за постапката за гласање и за постапката за сумирање и утврдување на резултатите.

СДСМ има поднесено четири преговори, ВМРО-ДПМНЕ три приговори, од Алијанса за Албанците и Алтернатива се поднесени шест приговори.

ВМРО-ДПМНЕ има поднесено и два приговори кои се однесуваат на прекршување на изборниот молк.

Државната изборна комисија дополнително ќе закаже седница за разгледување и одлучување по приговорите.

Можете да прочитате

Неготинец измамен за 4000 евра

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс” и „Дурмо турс”

Јатрви се тепале во Радовишко, една е повредена