Утрински Весник
Македонија

Дојран ќе се промовира на туристичките саеми во Софија и Белград

Дојран ќе се промовира на туристичките саеми во Софија и Белград
Dik 300x250 mk

Гевгелија,11 февруари 2020 (МИА) – Дојранскиот градоначалник Анго Ангов ги повика сите физички и правни лица од општината кои се занимаваат со туризам, најдоцна до утре да достават до општината промотивен материјал кој ќе биде презентиран пред посетителите на меѓународните туристички саеми во Софија и Белград.

На дојранскиот штанд ќе бидат презентирани приватни и комерцијални угостителски објекти, хотелски проспекти, приватни сместувачки капацитети како и најкарактеристичните висококвалитетни домашни преработки кои во последно време привлекуваат повеќе туристи особено од балканските земји меѓу кои предничат оние кои доаѓаат од Србија.

-На нашиот штанд ќе доминираат слатката од зелени смокви и киви, маслинките, фригованата риба, виното и промотивниот материјал за дојранските туристички можности и понуди, рече Ангов кој изрази надеж дека тоа ќе биде магнет за посетителите поради што уште еднаш ги повика сите туритички работници да понудат промотивен материјал за успешна презентација на туристичкиот потенцијал на општина Дојран.

Саемот во Софија ќе се одржи на 13 и 14 февруари,а на белградскиот саем општина Дојран ќе се претстави од 20 до 22 февруари. им/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МЗ: Над 60 илјади лица досега пријавени за вакцинација – превентивни тимови ќе вакцинираат и во домашни услови за повозрасни и неподвижни лица и инвалиди

Јанаки кон Богојески: „Освои 159 гласови, за да основаш партија ти требаат 1.000 основачи – самите основачи не го гласаат“

Финансиската полиција влезе во болницата во Прилеп, се истражуваат злоупотреби за местење тендери