Утрински Весник
Спорт

Достаниќ уште две години на клупата на Работнички

Достаниќ уште две години на клупата на Работнички

Скопје, 10 јуни 2020 (МИА) – Српскиот фудбалски стручњак, Ратко Достаниќ и во наредните две сезони ќе биде тренер на Работнички. Раководството на клубот е задоволно од работата на Достаниќ откако беше ангажиран во вториот дел од веќе прекинатата сезона во македонскиот шампионат и постигнат е договор за продолжување на соработката за нови две сезони.

Претседателот на клубот Драган Поповски вели дека тоа што го започна Ратко Достаниќ сака да биде продолжено и во наредниот период. Форсирање на млади фудбалери, ред, работа и дисциплина, а се покажа дека носи и позитивни резултати.

– По предвремениот прекин на сезоната, Работнички веќе размислува за следните предизвици. Имавме разговор со шефот на стручниот штаб Ратко Достаниќ и договоривме нова двегодишна соработка. Клубот има стратегија за форсирање на млади фудбалери, а тренерот има желба да се вклопи во една таква концепција и со врвна работа и максимален професионализам кои се карактеристики на Ратко Достаниќ да стигнеме и до позитивни резултати“, изјави Поповски.

Достаниќ го презема Работнички кога беше во незавидна позиција на табелата и забележа четири победи и реми против лидерот Вардар, стабилизирајќи го тимот и извлекувајќи го од последното место. Во моментот на прекинот на првенството Работнички заврши на осмата позиција на табелата во Првата лига. зс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство