Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Досега 31.000 волонтери ја примиле вакцината „Спутник 5“

Велика Британија планира намерно да ги зарази кандидатите за вакцина
300x250 opst2

Руското Министерство за здравство објави дека го прекинало приемот на нови волонтери за главните тестови на вакцината „Спутник 5“, пренесува „Ројтерс“.

Министерството наведува дека над 31.000 волонтери веќе биле вакцинирани како дел од тековните истражувања во Москва, од кои една четвртина добиле плацебо.

Александар Гинзбург, директор на рускиот истражувачки центар „Гамалеја“, претходно изјави дека Министерството за здравство дозволило промена на форматот на тестовите за пострегистрација на вакцината „Спутник 5“, така што на волонтерите веќе нема да им се дава плацебо, туку само вистинска вакцина, бидејќи веќе се покажало дека е безбедна.

Тој исто така рече дека приближно 440.000 од првите вакцини „Спутник 5“ се дистрибуирани за вакцинирање на граѓаните и дека наскоро ќе бидат достапни уште 200.000.

Вакцината „Спутник 5“, произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеја“, беше регистрирана во Русија на 11 август, со што стана прва регистрирана вакцина против коронавирус во светот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Ројтерс“: Нетанјаху му се извинил на Катар за нападот врз Доха

Путин потпиша указ за нова регрутација: 135.000 лица на возраст од 18 до 30 години ќе бидат повикани за воена служба

Нетанјаху и Трамп ги почнаа разговарите за прекинот на огнот во Газа