Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Досега се регистрирани 27.326 прекршоци за нeносење на маска

Досега се регистрирани 27.326 прекршоци за нeносење на маска
Img 7972

Досега констатирани се вкупно 27.326 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од почетокот на епидемијата, од кои 444 прекршоци биле направени во изминатото деноноќие, истакна министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќи извршени биле 99 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.

На територијата на целата држава на вкупно 197 лице им се издадени решенија за изолација, а 4 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што се евидентирани 2 лица кои не ги почитувале овие мерки.

Министерот Чулев апелира до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и сите заеднички да придонесеме што побрзо животот да биде вратен во нормала.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Министерство за спорт или децентрализација на спортот, прашање е сега

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник

ЕВН на терен: Непланиран прекин на електрична енергија на превој „Стража“ и повеќе кичевски села