Утрински Весник
Свет

Досега во Србија се вакцинирани 218.000 граѓани

Досега во Србија се вакцинирани 218.000 граѓани

Досега во Србија се вакцинирани 218.000 граѓани, од кои 43.000 лица вчера примиле вакцина против коронавирусот, јавува „Танјуг“.

Денес, 25.000 луѓе биле повикани на вакцинација во цела Србија, кои аплицирале за имунизација преку е-влада или преку повикувачките центри.

За вакцинирање, досега аплицирале 578.330 граѓани.

Денес 1.225 лица се повикани да се вакцинираат на најголемиот пункт за вакцинација во Србија, Белградски саем. Вчера на тој пункт биле имунизирани 3.200 граѓани.

Епидемиологот и член на кризниот штаб, Бранислав Тиодоровиќ, за ТВ Прва рече дека најголем е процентот на вакцинирани во Ниш изнесувајќи 4,2 отсто.

„Државата ќе се погрижи да добиеме повеќе вакцини и да вакцинираме од 1,5 до два милиони луѓе со цел да создадеме колективен имунитет“, рече Тиодоровиќ и додаде дека ја примил кинеската вакцина.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп се заканува дека САД нема да се грижат за безбедноста на Ормускиот теснец

Експлозии во Тел Авив по предупредувањето за ирански ракетен напад врз централен Израел

Итно предупредување од ИРГЦ: Држете се подалеку од нафтените објекти во Саудиска Арабија, ОАЕ и Катар