Утрински Весник
Свет

Досега во Србија вакцинирани 100.511 лица

Досега во Србија вакцинирани 100.511 лица

До денес во Србија се вакцинирани 100.511 лица, пишува „Блиц“.

Граѓаните на Србија во моментов можат да изберат помеѓу три достапни вакцини – руската „спутник в“, потоа „Фајзер-Бионтек“ и кинеската „Синофарм“. А наскоро ќе можат да изберат помеѓу четири вакцини против коронавирусот, бидејќи се очекува пристигнувањето на вакцината развиена од Универзитетот „Оксфорд“ и британско-шведската компанија „Астра зенека“.

Масовната вакцинација во Србија започна пред три дена со вакцинирање на припадници на армијата и полицијата на саемот во Белград, каде што беа поставени 11 пунктови за вакцинација.

„Многу е важно што повеќе граѓани да се вакцинираат, со цел да се создаде колективен имунитет, да надмине 60 или 70 проценти и на тој начин да се запре оваа сериозна болест“, изјави епидемиологот и член на кризниот штаб Бранислав Тиодоровиќ, кој исто така прими вакцина.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во срцето на летото: На алпите наврнаа 80 сантиметри снег!

Зеленски: Русија синоќа употреби околу 400 дронови и 18 ракети во Украина

Русија конфискувала имот вреден 50 милијарди долари од почетокот на војната во Украинаķ