Утрински Весник
Македонија

Досега во Македонија над 36 илјади лица се вакцинирани со трета доза

Досега во Македонија над 36 илјади лица се вакцинирани со трета доза
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во изминатите два дена аплицирани се вкупно 9.009 дози вакцини, од кои 1.873 се аплицирани како прва доза, 1.580 се ревакцинирани, а 5.536 граѓани примиле трета доза вакцина.

Како што информираат од Министерството за здравство, заклучно со 2 ноември вкупно се вакцинирани 806.781 граѓани, ревакцинирани се 777.655, а трета доза примиле 36.424 граѓани. 54 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 проценти , а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39 проценти од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35б отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Можете да прочитате

2 милијарди долари турски инвестиции во Македонија

Градоначалникот на Лерин го стопира пеењето на македонски јазик

Србија ги демантира тврдењата: Македонија не забранила увоз на киви