Утрински Весник
Македонија

Досегашните мерки остануваат во сила, в понеделник нова препорака на Комисијата за заразни болести

Досегашните мерки остануваат во сила, в понеделник нова препорака на Комисијата за заразни болести
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 9 мај 2020 (МИА) – Министерството за здравство соопшти дека денеска Комисијата за заразни болести одржа состанок на кој е разгледана можноста за олеснување на досегашните мерки за превенција и заштита од ширење на коронавирусот. Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести одлучија да препорачаат до Владата сите досега донесени мерки да останат во сила.

Трендот на нови случаи со Ковид-19 во следните два дена, како што се посочува, ќе биде разгледуван на состанокот на Комисијата за заразни болести во понеделник, по што ќе бидат дадени нови препораки до Владата за понатамошно постапување во однос на мерките.

Министерството за здравство апелира до граѓаните доследно да се придржуваат до мерките, да ја почитуваат забраната за групи поголеми од две лица, да се држи дистанца од најмалку два метра и задолжително да се носи заштитна опрема за лице во случај кога просторот меѓу граѓаните е помал од пропишаното, стои во соопштението. рп/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДСЗИ иницира формирање комисија да се утврди дали има пропуст во третманот и лекувањето на новороденчето од Арачиново

Едно лице тешко повредено во Скопје, пробало да се самоубие

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации