Утрински Весник
Македонија

Дополнителниот заменик-министер Петровска во работна посета на СВР Битола

Дополнителниот заменик-министер Петровска во работна посета на СВР Битола
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 11март 2020 (МИА) – Актуелните состојби со криминалитетот на подрачјето на СВР Битола и на околните полициски организациски единици, како и подготовките на полициските службеници за претстојните парламентарни избори беа тема на разговор на денешната работна средба во Битола на дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска со раководството на СВР Битола и со раководствата на ОВР Демир Хисар и ОВР Ресен, на Полициското одделение Новаци и на ПС за ГН Меџитлија и ПС за ГН Стење.

Притоа, информираат од МВР, особено беше апострофирана ефикасноста во работењето на Секторот за внатрешни работи Битола, кој од 2017 година наваму, од година во година бележи значителни позитивни резултати и по однос на откривањето и расчистувањето на кривичните дела, но и по однос на нивното статистичко намалување, во речиси сите видови криминал.

Покрај фактот за одличните професионални постигнувања на СВР Битола во изминатиот период, Петровска беше информирана и за актуелните подготовки на полициските службеници за непречано и мирно одржување на изборниот процес. Притоа, како што нагласи, Петровска полицијата има една од клучните задачи во креирањето на мирна и демократска атмосфера во која граѓаните ќе можат непречено да го остварат своето право на слободен избор. вј/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари