Утрински Весник
Македонија

Дополнителниот заменик министер за земјоделство Трипуновски во посета на Прилепско

Трипуновски во Платежната агенција за неисплатени субвенции на земјоделец од Арачиново
Dik 300x250 mk

Скопје, 20 јуни 2020 

Денеска сум во посета на прилепскиот регион, пред малку заврши средбата во Кривогаштани, моментално сум во Прилеп па оттука заминувам во Општина Новаци. Она што сакам да го потенцирам со оваа изјава е да потсетам на сите недомаќински однесувања кои што ги имаше Владата на СДСМ во делот на аграрниот сектор.

Само за потсетување во предизборието во 2016-та Зоран Заев и Владата на СДСМ ветуваа безброј мерки и проекти за подобро земјоделство, од тоа видовме изминативе три години дека речиси ништо не се реализира. Едноставно земјоделецот го доведоа до питачки стап. Ниту пласманот кој што го ветуваше Зоран Заев се реализираше во Република Македонија, ниту откупните цени беа поголеми.

Она што овде во разговор со граѓаните, со земјоделците од овој регион е дополнителниот проблем и со откупот на тутунот кој што се најавува во наредната реколта. Едноставно сите оние мерки кои што си ги предлагаа во предизборието денеска гледаме нажалост дека не се реализирани.

Едноставно македонскиот земјоделец е доведен до питачки стап и се снаоѓа како знае и умее сами од себе. Она што сакам да го потенцирам и од овде од разговор со граѓаните од прилепскиот регион е дека доаѓаат подобри времиња за македонскиот земјоделец, затоа што ВМРО-ДПМНЕ има план за обнова за Македонија со домаќинско и чесно однесување кон сите граѓани во оваа држава.

Интегрален текст од изјавата на дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски

__________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче уште го игра бугарското сценарио

Судот одреди мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

Предлог закон за замена на македонските возачки дозволи во Република Словенија