Утрински Весник
Македонија

Дополнителна јулска испитна сесија за полагање правосуден испит

Владата им препорача на Судскиот совет и на Врховниот суд да направат план за одложување на судењата

Скопје, 19 јуни 2020 (МИА) – Владата донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за правосудниот испит за време на вонредна состојба со цел предвидување на дополнителна јулска испитна сесија за полагање на правосудниот испит чие спроведување е во надлежност на Министерството за правда .

На владината седница што се одржа вечерва преку видеоконфернциска врска е донесена и Уредба за методологија за распределба на приходите од данокот на додадена вредност по општини за 2021 година, со која се пропишува методологијата за распределба на приходите по овој основ.

Уредбата предвидува дека вкупните средства на приходите од данокот на додадена вредност наплатени во претходната фискална година за општините во Република Северна Македонија, општините во градот Скопје и Градот Скопје се распределуваат во константен дел од по 3.000.000 денари за сите општини во држвата, на општините во градот Скопје и Град Скопје и променлив дел кој се распределува за општините во држвата во износ од 88 проценти, а за општините во градот Скопје и Градот Скопје во износ од 12 проценти.лв/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Полициските хеликоптери исфрлија над 50 тони вода врз пожарите во Малино и Немањица

ВИДЕО: Евакуација на жителите на Немањици

Едно лице загина во пожарот кај кумановско Кокошиње