Утрински Весник
Македонија

Дополнителна вонредна дезинфекција на автобусите на ЈСП Скопје

Времен режим на сообраќање на автобусите од јавниот превоз во Карпош 3 и 4

Скопје, 27 февруари 2020 (МИА) – ЈСП Скопје соопшти дела ќе започне со дополнителна (вонредна) дезинфекција на возилата вклучени во јавниот превоз, како и на кабините на Жичарницата на Водно.

Секој автобус по завршување на смената и утврдената рута, ќе биде дезинфициран со соодветно средство на база на алкохол и Дезинтал 10%, односно со распрскување ќе се третира внатрешноста на автобусот, а рачно ќе се дезинфицираат и одделни делови од возилото како ракодржачи и слично.

Дополнителната дезинфекција се презема како мерка за заштита од коронавирусот со оглед на тоа што јавниот превоз во Скопје секојдневно во просек го користат 115.000-130.000 граѓани, а стотици граѓани ја посетуваат и ја користат Жичарницата.

Дополнителната (вонредна) дезинфекција ќе се врши секојдневно, се до добиените нови препораки од надлежните институции кои ја следат состојбата со корона вирусот.

Од ЈСП Скопје наведуваат и дека внатрешна дезинфекција на автобусите се врши секојдневно преку т.н. редовна дневна нега (чистење, миење) на возилата. Притоа, возилата се третираат со соодветни еколошки средства кои имаат дезинфекционо својство.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Венециското биенале ги поздрави СДС, успех за македонската делегација предводена од Љутков

Вистински резултати во борбата против корупцијата нема да се постигнат со поединечни случаи, туку со целосно менување на системот, смета Филипче

Денеска променливо облачно со сончеви периоди