Лука Дончиќ како да е создаден да поставува рекорди. Најмногу на кошаркарскиот терен, а сега и кај лудите колекционери на спортски картички.
На неговиот 22. роденден, негова руки-картичка со автограм е продадена за астрономски 4.6 милиони долари, јавуваат американските медиуми, поставувајќи рекорд кога се работи за НБА играчите.
Минатата година дебитантска картичка на Јанис Адетокумбо и на Леброн Џејмс е продадена за 1.8 милиони долари, додека картичка со автограм на Мајкл Џордан од Ол-Стар натпреварот во 1992 година, достигна 1.4 милиони долари.
View this post on Instagram
> Дончиќ е највреден! Картичка од Словенецот продадена за 4.6 милиони долари! <