Утрински Весник
Спорт

Дони ван де Бик ќе го замени Погба во Јунајтед

Дони ван де Бик ќе го замени Погба во Јунајтед

Амстердам, 5 мај 2020 (МИА) – Дони ван де Бик ќе го замени Пол Погба во Манчестер Јунајтед, информираа таблоидите на Островот.

Спортскo-техничкиот штаб на „црвените ѓаволи“ гледа во лицето на Холанѓанецот совршен играч за да ја преземе улогата на францускиот ас на средина на теренот.

Дваесет и три-годишниот играч од средниот ред прави уште една силна сезона за Ајакс, со 10 гола и 11 асистенции на 37 натпревари од почетокот на сезоната.

Холанѓанецот го бараат и Реал Мадрид и Јувентус.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство