Утрински Весник
Македонија

Донирани нови педесет пакети за социјално загрозените валандовчани

Донирани нови педесет пакети за социјално загрозените валандовчани
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Гевгелија, 24 април 2020(МИА) – Во општина Валандово речиси секој ден се зголемува бројот на општествено одговорни фирми и физички лица кои се вклучуваат во акцијата за донирање храна и хигиенски средства за социјално загрозените семејства.

Валандовските компании „Дена продукт“, чии што оранжерии се наоѓаат на територијата на општина Богданци, и „Глобал Трејд“ во просториите на општинскиот кризен штаб во Валандово доставија донација од 50 пакети со храна и хигиенски средства кои во текот на денешниот ден им се делат на социјално загрозените семејства според изготвен список од меѓуопштинскиот центар за социјани работи во Валандово.

Акцијата пред десетина дена беше покрената по иницијатива на граѓанското здружение „СОС Валандово“ од каде изразуваат задоволство од се поголемиот одзив на општествено одговорните фирми и физички лица чија што хуманост се потврдува преку желбата да им се помогне на сограѓаните кои во услови на вонредна состојба и пандемија од Ковид-19 не се во состојба да се снабдат со основните прехранбени и хигиенски средства. им/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Густа магла на повеќе патни правци

МЕПСО го рестартира стратешкиот проект за 400 kV интерконекција Битола – Елбасан

Зоран Трајчевски директор на АВМУ и во наредните пет години