Утрински Весник
Македонија

Донесена Уредбата за сместување лица во карантин во отстапените хотели

Донесена Уредбата за сместување лица во карантин во отстапените хотели

Скопје, 24 март 2020 (МИА) – Владата на вчерашната седница ја донесе Уредбата со која законски се овозможува лицата да се ставаат во строга изолација (карантин) и во угостителските објекти (хотели, мотели), отстапени од приватните правни лица, сопственици на објекттие.

За објектите утврдени во оваа уредба со законска сила се утврдуваат режимите за обезбедување, посебните простории за лицата кои покажуваат симптоми на вирусот, критериумите за исхрана, доставата на пратки (пакети) за потребите на лицата на кои им е определено мерка строга изолација (карантин), мерките за дезинфекција, работата на персоналот или волонтерите, собирањето смет и други потребни технички работи.

Превозот на лицата на кои им е определена строга изолација (карантин), од граничните премини до објектите ќе се одвива во два термина: во 10:00 и во 20:00 часот, а од аеродромите од моментот на слетување.

Превозот на лицата го обезбедува Генералниот секретаријат на Владата. мч/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!