Скопје, 8 април 2020 (МИА) – Како општествено одговорна компанија, а со цел да се помогне на државата во справувањето со кризата предизвикана од КОВИД-19 пандемијата, AssecoSEEMK успешно го имплементираше својот продукт „Asseco Live“, во контакт центарот на Влада на Република Северна Македонија.
Борбата со Ковид -19 претставува обврска на сите граѓани и деловни субјекти во нашата држава. Затоа, како што се наведува во соопштението, Комората за информатички технологии МАСИТ е особено горда на донацијата на Ассеко СЕЕ како и на останатите свои членки кои придонесоа со своите ресурси и активности со цел поддршка и заштита на своите вработени, клиенти и државата, целокупното колективно здравје и оние кои придонесоа кон солидаризирање и помош на најзагрозените индустрии.
Владиниот Контакт центар е наменет за поддршка на бизнисот и граѓаните во врска со економските прашања во услови на справување со кризата предизвикана од Ковид-19. вг/са/