Утрински Весник
Македонија

Донација од 20.000 маски за Армијата од компанијата „Milaya Capital LTD“

Донација од 20.000 маски за Армијата од компанијата „Milaya Capital LTD“

Скопје, 27 март 2020 (МИА) – Донација од 20 илјади маски доби Армијата од компанијата „ Milaya Capital LTD“

– Благодариме за гестот, во овие тешки времиња, секоја дополнителна заштита за припадниците на Армијата кои се во служба на заштитата на безбедноста и здравјето на граѓаните, е добредојдена!, пишува на Фејсбук профилот на Министерството за одбрана.

Турскиот бизнисмен Јашар Ајавефе кој е сопственик на компанијата „ Milaya Capital LTD“ најави дека ќе продолжи да донира во земјава со цел таа полесно да се справи во борбата против Ковид 19. Овој вирус, вели Ајавефе, е голем предизвик за човештвото и не засега сите. бак/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поднесени 476 приговори до Основниот кривичен суд Скопје во првиот месец од примената на ,,Безбеден град”

Пратеници и активисти бараат унапредување на „Мој термин“

Арбен Тарави поднесе тужба за клевета против Изет Меџити.