Утрински Весник
Македонија

Донација од семејството Заеви за општина Босилово

Донација од семејството Заеви за општина Босилово

Струмица, 23 април 2020 (МИА) – Двесте пакети со прехранбени продукти денес донираше семејството Заеви во општина Босилово. Донацијата беше примена од страна на Општинскиот кризен штаб и преку него ќе биде поделена на социјално загрозени семејства.

-Како општина Босилово и кризен штаб ја примивме помошта и потоа врз основа на списоците од Центарот за социјална работа ќе ја поделиме на граѓани на кои им е навистина потребна во моментот и им е најнеопходна, информираше градоначалникот и командант на Општинскиот кризен штаб на Босилово, Зоран Зимбаков.

Во изминатиот период семејството Заеви донираше пакети со прехранбени продукти и во други општини и на хуманитарни здруженија, а највија дека донациите ќе продолжат и во наредниот период. рт/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Додека работниците чекаат, директорот на ДЗС добива покачување на платата вели Трендафилов

Митева: Владата презема конкретни мерки за грижа на сите повредени, Пониква станува рехабилитациски центар

30 дена притвор за Ристо Крмзов