Утрински Весник
Македонија

Донација заштитна опрема од Турската Црвена полумесечина

Донација заштитна опрема од Турската Црвена полумесечина
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 13 мај 2020 (МИА) – Во координација и поддршка од страна на Црвената турска полумесечина, пристигна донација од заштитна опрема наменета за Црвениот крст на Република Северна Македонија. Опремата е наменета за потребите на тимовите на Црвениот крст на РСМ, како и останатите институции и здравствена работници вклучени во справување со последиците од епидемијата на Ковид 19 а воедно и за граѓаните.

Хуманитарна помош од заштитна опрема се состои од: заштитни маски за еднократка употреба 52 800 парчиња, заштитни маски FFP2 1 800 парчиња, заштитни ракавици 10 000 парчиња, скафандери 2 000 парчиња и заштитни наочари  2000 парчиња.

Амбасадорот на Турција во Скопје Хасан Мехмет Секизќок ја предаде медицинската помош испратена од страна на  Турската Црвена полумесечина на Генералниот секретар на Црвениот крст на Р.Северна Македонија Саит Саити. цр/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче