Утрински Весник
Македонија

Донација во заштитни маски, ракавици и дезинфекциски средства на ЕУ за СВР – Охрид

Донација во заштитни маски, ракавици и дезинфекциски средства на ЕУ за СВР – Охрид

Охрид, 11 мај 2020 (МИА) – Со средства обезбедени од ИПА2 Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија денеска за потребите на СВР – Охрид беа предадени средства за лична заштита на вработените во полицијата.

Станува збор за донација вредна десет илјади евра, во 2.500 заштитни маски за повеќекратна употреба, 38.050 пара гумени ракавици за еднократна употреба, како и сто парчиња антисептик гелови за дезинфекција.

Министерот за локална самоуправа Горан Милески кој присуствуваше на примопредавањето на донацијата истакна дека средствата за заштита се наменети за полицајците од СВР – Охрид кои покрај Охрид ги покриваат уште и подрачјата на општините Струга, Кичево, Дебар, Дебрца и Вевчани.

– Сметавме дека е потребно да се заштитат полицајците кои заедно со здравствените работници се на првите борбени линии во борбата со коронавирусот. Сметаме дека за овој период овие заштитни средства ќе се доволни, бидејќи како ќе се отвораат границите така ќе е потребна заштита на полицајците на граничните премини, да бидат обезбедени со соодветна заштитна опрема, рече Милески.

Тој појасни дека реализацијата на проектите од Програмата за прекугранична соработка со Албанија и во овој период се одвива непречено. Од вкупно 14 проекти во вредност од 11 милиони евра, од кои дополнително два милиони обезбедува Министерството за локална самоуправа, шест се целосно завршени, а осум се во фаза на реализација, независно од новонастанатата состојба.

Раководителот на Секторот за економски прашања при Делегацијата на ЕУ Фрек Јанмат појасни дека оваа донација е обезбедена со средства пренаменети од ИПА2 фондовите за поддршка на проекти за прекугранична соработка.

– Она што го правиме сега во сите проекти, бараме дали има на располагање заштедени средства и доколку има истите ги пренасочуваме за справување со коронавирусот. Ова е само мал дел, секако имаме други фондовци за вонредни ситуации, за поддршка на како за здравствениот, така и за социјално-економсиот сектор, рече Јанмат.

Во моментов од тие фондови Македонија има на располагање средства во износ од 66 милиони евра во грантови, неповратни средства, од кои дел ќе бидат за поддршка на здравствениот сектор, дел за справување со економските последици од кризата, како што се финансирање на стимулација на вработувања, дел за поддршка на мали и средни претпријатија за справување со последиците од кризата. Дополнително, Република Северна Македонија може да добие и 160 милони евра преку кредитни линии на ЕУ по мошне поволни услови. аб/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Дали од 29 Ноември Балканот ќе го зафати нов студен и снежен бран?!

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја