Утрински Весник
Македонија

Донаторско хуманитарна кампања на Хемофарм АД Скопје и СОС Детско село

Донаторско хуманитарна кампања на Хемофарм АД Скопје и СОС Детско село

Со секој продаден пробиотик за деца ПРОБИОКИД ИМУНО, Хемофарм донира 30 денари на СОС Детско село, бидејки ниту едно дете не треба да расте само.

Денес, во просториите на “Програмата за згрижување на деца без родителска грижа” на СОС Детско село, се одржа средба со г-ѓа Славица Тодоровска директорка на претставништво на Хемофарм АД Скопје и Виолета Георгиевска Раководител на центарот за поддршка на згрижувачки семејства при СОС Детско село.

Средбата се одржа по повод почеток на донаторско хуманитарна кампања иницирана од Хемофарм АД Скопје. Преку оваа кампања со почеток од 15 Март 2021 година во сите подоброснабдени аптеки производот на Хемофарм за деца, ПРОБИОКИД ИМУНО ќе има хуманитарно обeлежје и тоа 30 денари од продажбата ќе биде донирана за потребите на децата, младите и семејтвата во ризик, поддржани од СОС Детско село.

„Во време на светска пандемија кога сите се грижиме за нашето здравје и здравјето на нашите најмили, Хемофарм АД Скопје се погрижи и најранливите и тоа децата без родители и родителска грижа. Со најновата хуманатирна кампања во која со купување на Вашиот омилен имуностабилизатор за деца ProbioKid Immuno Вие ги помагате и децата без родители и родителаска, Топол дом и грижа за секое дете заедно со Хемофарм Ад Скопје“, изјави директорката на претставништвото на Хемофарм г-ѓа Славица Тодоровска.

Во домашна атмосвера во едно од 12 семејства кои се дел од програмата за згрижување на деца без родители се одржа пријатна средба во која се споделија многу совети за развој на имунитетот на децата и се донираа дополнително и пробиотици ПРОБИО КИД ИМУНО и за 60 деца кои се дел од грижата во СОС Детско Село.

„Работењето, живеењето и чувањето на здравјето во 2020 и 2021 година, во услови на светска пандемија, не засегна сите. И професионално и приватно и допре во секоја сфера на нашето живеење. A најмногу во клетката на нашето живеење – нашите семејства, нашите блиски и нашите соработници за кои здравјето и сигурноста се прв приоритет. За СОС Детско Село приоритет се деца, млади и семејства на кои секојдневно во континуитет им треба нашата поддршка, која може во континуитет да се одвива со поддршка од нашите пријатели и поддржувачи како што станаа сега и Хемофарм Ад Скопје. Корпоративните донациии и вакви кампањи креираат дом за секое дете“, изјави г-ѓа Виолета Георгиевска Раководител на центарот за поддршка на згрижувачки семејства при СОС Детско село.

(ПР текст)

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!