Утрински Весник
Спорт

Донарума ќе брани против Манчестер сити

Донарума ќе брани против Манчестер сити

Џанлуиџи Донарума не е задоволен од статусот што го има во ПСЖ. МВП на Европското првенство, во ПСЖ му е резерва на Кејлор Навас.

Донарума, како слободен играч се пресели на „Паркот на принцовите“, тој потпиша петгодишен договор. Очекуваше дека ќе биде прв избор на голот, но од почетокот на сезоната Маурисио Покетино, предност му дава на Костариканецот, Навас.

Италијанските медиуми, пред неколку дена објавија, дека Донарума бил толку незадоволен, што му порачал на менаџерот дека сака да се врати во Италија. Шпекулациите одеа толку далеку, што некои медиуми тврдеа дека јужноамериканците му порачале на Покетино, дека Навас треба да брани.

За да ги смири страстите, Покетино, притиснат од клупските челници решил, Донарума да биде на голот утревечер против Манчестер сити.

ПСЖ, утре од 21 часот, во дербито на колото ќе го пречека Манчестер сити.

> Донарума ќе брани против Манчестер сити <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина