Утрински Весник
Политички Партии

ДОМ: Петиција за поставување на сончеви панели на училиштата во Ѓорче Петров

ДОМ: Петиција за поставување на сончеви панели на училиштата во Ѓорче Петров

Претставниците на партијата ДОМ од општина Ѓорче Петров преку петиција ќе поднесат барање до град Скопје и општината за поставување на сончеви панели на училиштата во Ѓорче Петров.

„Во период кога сме во сериозна енергетска криза со високи покачувања на сметките за струја, сметаме дека одличен почеток е поставување на панели и искористување на обновливите извори на енергија.

Енергетската независност на училиштата и тоа како ќе влијае врз намалување на финансиските импликации на буџетот на општината и заштитата на животната средина“, велат од претставништвото на партијата.

Од ДОМ Ѓорче Петров ги повикуваат граѓаните да ја потпишат оваа петиција со цел јавно да се побара заедничко решение на овој, како што велат, повеќегодишен проблем.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт