Утрински Весник
Македонија

ДОМ бара истрага за верскиот собир во Струга

ДОМ бара истрага за верскиот собир во Струга

Скопје, 8 мај 2020

Зелената партија ДОМ бара од Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство да спроведат итна истрага за денешниот масовен верски собир во Струга. Во време кога на територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба и пропишани се посебни ограничувања и мерки за заштита од КОВИД-19 вирусот недозволиво е групирање по било кој основ.

По објавените фотографии на социјалните медиуми од масовниот собир, ДОМ бара Министерството за внатрешни работи да одговори зошто полициските службеници не реагирале за прекршувањето на мерките?

Зелената партија ДОМ апелира до сите граѓани да се придржуваат до мерките со цел побрзо надминување на корона кризата и зачувување на јавното здравје.

Демократска обнова за Македонија

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта

Камерите го снимија моментот на кршењето на стаклото на Бугарската амбасада во Скопје

ТДП ја потврди победата во Центар Жупа