Скопје, 22 март 2020
Државен студентски дом „Скопје“ – Скопје информира дека во текот на вечерните часови на вчерашниот ден градските служби при Градот Скопје ги урнаа бараките од домот “Невена Георгиева-Дуња“- Медицинар, поради потребите на министерството за здравство и ново настанатата состојба со пандемијата на вирусот корона.
Оваа пандемија, овој здравствен проблем на глобално ниво е сериозна закана по здравјето на граѓаните во речиси сите држави во светот. Од таа причина објектот „Медицинар“ кој се наоѓа на клучна локација близу Клиниката за инфективни болести е отстранет со цел да се отвори просторот и да се прилагоди за потребите на министерството за здравство.
Во таа насока, Градот Скопје во текот на изминатите денови го прошири пристапот за возила на брза помош до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, а за истите потреби се прави и посебен влез кон Универзитетската Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби.
Вирусот корона е сериозна закана за здравјето на сите граѓани со акцент на повозрасните, токму затоа Владата на РСМ донесе сет мерки за граѓаните. Сите ние секојдневно сме сведоци на црниот биланс на бројки во светот кој на дневно ниво го носи овој вирус. Во нашата држава засега расте само бројот на пациенти но поради црвените аларми државата ги обезбедува сите ресурси за да го зачува здравјето на сите граѓани.
Инаку, бараките “Невена Георгиева-Дуња“ или Медицинар се изградени после земјотресот во 1963 година, а капацитет на леглата изнесуваше 351 кревети. Во овие бараки во кој се сместуваа студенти од внатрешноста беа во крајно лоша и дотраена состојба и поради немањето основни услови за живот на студентите не се во функција повеќе од 5 години.
ДРЖАВЕН СТУДЕНТСКИ ДОМ „СКОПЈЕ” – СКОПЈЕ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.