Поранешниот француски селектор, а сега тренер на Нант, Рајмон Доменек повторно е во центарот на вниманието откако на прес-конференција во петокот бизарно изјави дека би сакал да потпише со Диего Марадона, но за жал, аргентинската легенда веќе не е меѓу живите.
Доменек се врати на фудбалот по повеќе од една деценија по заминувањето од селекторското место по дебаклот на Светското првенство во 2010, Доменек, продолжи со својата навика да дава необични и чудни коментари. Запрашан за пропуштањето на шансата да го добијат Жан Лукас од Лион на позајмица, откако тој замина во Брест, Доменек даде ваков одговор.
„Не ги следев работите околу договорот, но тој сега е во Брест и тоа е тоа. Би сакал да го донесам и Марадона, но тој е мртов. Такви се работите“, вели Доменек.
Во Франција, Доменек е познат токму по ваквите изјави и по необичниот избор на фудбалери додека беше селектор. Во 2007 откако Жозе Мурињо, тогаш на чело на Челси, го обвини дека го третира Клод Макалеле „како роб“, Доменек му одговори: „Додека може да оди, ќе игра“.
На СП во 2010, откако Никола Анелка пцуеше на полувремето од 2:0 поразот од Мексико, Доменек го прати назад во Франција, а другите играчи одбија да тренираат. Франција аврши на последното место во групата со еден освоен поен, а по 2:1 поразот од Јужна Африка во последниот меч, Доменек одби да се ракува со селекторот на домаќините, Карлос Алберто Переира.
> Доменек се врати, па тропна нова глупост: Ќе го донесев Марадона, но мртов е! <